Во единаесеттото коло од Првата државна лига, ЖОК Вардар ЕМ претрпе пораз од моментално посилниот и поискусен противник кој е и лидер на табелата тимот на Работнички.
На натпреварот кој се одигра во спортска сала „Христо Батанџиев“ , екипата на ОК Работнички Скопје дојде до максимална победа, односно до триумф со резултат 0:3. Младиот тим на црвено-црните бодови ќе бара во останатите дуели, ова за потсетување е деби сезона за најмладата екипа во првата одбојкарска женска сениорска лига.