Денес се игра ново коло во женската Прва одбојкарска сениорска лига, во истото девојките на ЖОК Вардар ЕМ ќе бидат гостинки.
Вардарки вечерва гостуваат кај тимот на ЖОК Јанта Волеј, натпреварот ќе се игра во салата при Основното улилиште „Невена Георгиева-Дуња“. Оваа средба од 12.коло во државната лига е закажана со почеток во 20 часот и 30 минути.