Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ја “штиклираше” и Гевгелија, Миновска со “9-ка”
ЖРК Вардар ја “штиклираше” и Гевгелија, Миновска со “9-ка”

ЖРК Вардар ја “штиклираше” и Гевгелија, Миновска со “9-ка”

Попладнево, ЖРК Вардар,  ја пречека екипата на ЖРК Гевгелија  од истоимениот град. Натпреварот се играше во салата „Круме Кепески“ и на истиот црвено-црните дами дојдоа до сигурна победа со резултат 33-17 (17-09).

Првиот дел на оваа средба од 11.коло започна со наша иницијатива, но гостинот парираше и не ни даваше да се одлепиме резултатски се до 7-6. Следеше наша серија 7-1 по која се одлепиме на седум плус(14-07). Одлично ги одигравме минутите во финишот, следеше зголемување на предноста пред одмор на осум гола, 17-9

Вториот дел на овој дуел од Групата-А игравме без товар, игра гол за гол па на десетина минути до крајот ги имавме “8те залиха” при резултат 28-20. Давањето на шанса на помладите им овозможи на гостите да ја намалат негативата за два гола, ние победивме со 33-27.

Кај нас на овој натпревар блеснаа Миновска со 9-ка, Тошевска постигна 5.гола, а Стефаноска стрелаше 4.пати. Трајкоска и Илиќ сопреа по 5.удара, најмладиот голман Ѓорѓиевска одбрани 3.шута