Овој викенд, поточно во сабота се враќаат возбудувањата во македонскиот фудбал. По тој повод, навивачите на Вардар, популарните ,,Комити” направија спектакуларна и моќна најава за саботниот дуел на својот миленик.
Вардар во сабота на домашен терен го пречекува тимот на ФК Арсими и со самото тоа ја започнува големата битка за враќање во македонската фудбалска Прва лига.
,,Комитите” оваа сезона се доста организирани и бројни, па така очекуваме и оваа пролет да бидат во голем број на трибните и да го носат Вардар кон нови успеси.
Погледнете ја оваа супер најава, ТУКА.