Кадетите на РК Вардар 1961 вчера гостуваа во населбата Илинден. На средбата кај РК Кузман дојдовме до победа.
Домаќините парираа на самиот почеток се до резултат 4-5 за нас. Потоа црвено-црните со серија 1-7 поведоа со 7.гола повеќе, односно со резултат 5-12. Од минута во минута нашата предност раснеше, мина и во двоцифрена. Видевме со 15.гола повеќе за време на паузата резултат беше 11-26 за вардарци.
Во вториот дел во салата “Гоце Делчев” натпреварот продолжи по исти терк. Момците на Зенга беа тие кој го диктираа темпото и ја зголемува предноста. Победата дојде со убедливи 29-47 на оваа средба од Групата-А.
Кај нас Ангел Столески имаше 9.гола и беше прв стрелец, по 5.погодока имаа 3ца ракометари: Никола Нечовски, Матеј Тевдовски и Томислав Стаменков.