Играч од Јапонија во новата сезона ќе настапува за екипата на РК Вардар. Се работи за Косуке Јасухира, кој доаѓа како позајмен играч на една година од екипата на Висла Плок.
„Ќе настапувам како позајмен од Висла во Вардар следната сезона. Сигурен сум дека ќе соберам многу искуство во Скопје и ќе се вратам посилен“ ,изјави Јасухира.
Самата информација и официјално ја потврдија од Висла Плок, дека нивниот играч ќе биде позајмен на Вардар.