Машката кадетска ракометна репрезентација успеа да стигне до првата победа на Светското првенство кое се одржува во Хрватска. Избраниците на Раде Стојановиќ беа подобри од Црна Гора славејќи висок триумф со резултат 29:20.
Првиот гол противникот го постигна во 10.минута за да го намали резултатот на 2:1. Следеше период во кој и двете репрезентации се менуваа во предност, за пред крајот на првиот дел, Македонија да поведе со два гола разлика и на полувреме да замине со водство од 12:10.
Одлично го стартувавме вториот дел, кога после пет минути игра поведовме со 15:11. разлика која ја одржувавме и зголемувавме до крајот на мечот. На крајот висок триумф со резултат 29:20.
Вардаровиот играч, Марио Стојановски, одигра добар натпревар постигнувајќи 3 гола.