Младата фудбалска репрезентација до 19 години се наоѓа на тренинг камп во Дојран, каде ќе се задржи до 12.септември.
Селекторот Тони Јакимовски за овој тренинг камп го повика нашиот голман, Никола Филевски.
Филевски беше дел од подготовките на сениорската екипа во Златибор, исто така има дебитирано и на пријателски натпревари за првиот тим на Вардар.