Продолжуваат натпреварите 0д 6.коло во ракометната Супер Лига, кои се закажани за следниве денови.
Утре со почеток од 17:00 часот во спортската сала во населбата Автокоманда, Вардар е условно домаќин на тимот на Мулти Есенс. Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Драган Начевски од Скопје.
Вардар е голем фаворит за освојување на бодовите, и се освен убедлива победа ќе претставува изненадување.