Ракометарите на Вардар го загубија дербито во Битола, од екипата на Еурофарм Пелистер, но остануваат на врвот на табелата во својата група, поради подобриот меѓусебен дуел, напомена првиот меч одигран во Јане Сандански го добивме со пет гола разлика. Денешниот натпревар во Битола заврши со триумф на домашниот тим со резултат 29:25.
Вардар лошо го започна натпреварот, во кој противникот поведе со резултат 7:1 и од тој момент нашиот состав бркаше негатива. Вардар намали на четири гола разлика, имаше зицер позици да ја смали негативата и до два гола, тоа го казни Еурофарм Пелистер, за повторно да го зголеми водството на шест гола разлика. По 30.минути игра, противникот имаше предност од 18:11, за по седум минути игра во второто полувреме да зголеми и на 23:14. Кога изгледаше дека големиот ривал ќе го контролира натпреварот, избраниците на Недановски се враќаа во игра, постепено ја намалуваа разликата, а Ѓукиќ погоди за четири гола негатива, конечниот резултат гласеше 29:25.
Вардар на овој дерби натпревар настапи без Петриќ и Родригез, а голем дел од останатите ракометари не беа целосно подготвени за овој натпревар поради вирус. Срдановиќ, Родригез и Лазаревски стрелаа погодија по четири пати, а Томовски запиша 11 одбрани.