Денес пионерите и младинците на РК Вардар ги одиграа своите првенствени натпревари.
Младинците на РК Вардар и во седмиот натпревар не успеаа да стигнат до бодови, откако денес загубија на домашен терен од тимот на ГРК Охрид. Конечниот резултат гласеше 18:38.
На стартот на мечот, противникот поведе со 1:5, за Вардар да се врати во игра и да го намали резултатот на 5:6. Последната резултатска неизвесност беше при резултат 7:10, за до крајот на првиот дел, Охрид да направи серија од 1:8 и на одмор да замине со резултат 8:17.
На стартот од вториот дел, гостинскиот тим поведе со двоцифрена разлика, а како одминуваше натпреварот само ја зголемуваа предноста, за на крајот да стигнат до висока победа.
Во нашите редови, Давид Најдовски и Иван Најдовски постигнаа по 4 гола.
Со победа од Кичево се вратија пионерите на Вардар предводени од Кирил Атанасовски, кои беа подобри од тимот на Асови 2012. Конечниот резултат гласеше 21:22.
Вардарци имаа добар старт на натпреварот, кога поведоа со 1:4, за домаќинот да се врати во игра и да го израмни резултатот на 5:5. Вардар ја врати предноста и уште во три наврати до крајот на првиот дел имаше позитива од три гола, кога резултатот на семафорот гласеше 5:8, 8:11 и 10:13, резулат и со кој заврши првиот дел во салата во Кичево.
Во вториот дел гледавме неизвесен натпревар, тимот на Асови израмнување на 16:16 и 18:18, но Вардар не се откажа од победа и поведе со 19:21, водство кое не го испушти до крајот, за втора победа сезонава за вардаровите пионери.
Најефикасен во нашиот состав беше Дамјан Најдовски со 9 гола, додека Никола Атанасовски постигна 7.