Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Натпревари во “Јуниор“ лигата одиграни на Кале
Натпревари во “Јуниор“ лигата одиграни на Кале

Натпревари во “Јуниор“ лигата одиграни на Кале

Вчера во спортскиот ракометен центар Кале се одиграа натпревари од петтото коло на ракометната “Јуниор“ лига во машка конкуренција.

Ракометната екипа на Илинден Вардар предводена од тренерот Дарко Јанев, кој е поранешен играч на црвено-црните, во ова коло настапија со две свои генерации, каде забележаа половичен успех. Рк Илинден Вардар генерација родени 2000/01 година забележаа победа во дуелот со СК А. Урдаревски-Вардар. Конечниот резултат на овој меч гласеше 15:10. Заслужен триумф за Илинден, кој имаше постојано водство во текот на целиот меч, квалитетот на двете страни беше очигледен на страната на Илинден. Овој клуб до крајот на денот одигра уште еден натпревар, во генерација родени 2002/03 година. Противник им беше екипата на Рк Кале-Вардар. За разлика од претходниот меч, помалата генерација на Илинден беше поразена на овој дуел. Резултатот гласеше 21:14 во корист на Рк Кале-Вардар.

Вториот одигран натпревар на С.Р.Ц. Кале беше помеѓу екипите на Рк Урдаревски-Вардар и Опш. Кисела Вода-Вардар, во генерација родени 2002/03 година. На овој меч далеку поуспешни беа Опш. Кисела Вода, кои забележаа триумф со резултат 12:5. Победникот на овој меч го реши пред се добрата одбрана на Кисела Вода, која функционираше безпрекорно, иако и многуте грешки на Урдаревски оставија белег на конечниот пораз.

Два натпревари во ова коло одигра и Рк Бисинов-Вардар со две свои различни генерации. На двата натпревари овој клуб забележа две убедливи победи. Во генерација родени 2000/01 се сретнаа екипите на Рк Бисинов Вардар и Академија 2. Целосна доминација на Рк Бисинов, кој ниту во еден момент не дозволи противникот резултатски да се доближи. Конечниот резултат од 28:18 ја отсликува моменталната ситуација на теренот во Кале. Уште еден триумф за оваа екипа, но со генерација родени 2002/03. Противник беше тимот на Рк Бутел Вардар кој беше целосно надигран. Триумфот за Бисинов беше изразен со резултат 18:9.