По комплетирањето на седмото коло во македонската кугларска лига вардарци останаа на врвот од табелата со еднаков број на бодови со Макпетрол. Тие во ова изминато коло како домаќини во кугларницата при С.Ц Борис Трајковски ја пречекаа екипата на КК 18 Август Адинг , која ја совладаа со резултат 7-1. Избраниците на Драги Димитровски остварија лесна победа предводени од расположените Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски, кои остварија светско постигнување во ова изминато коло.
Во овонеделниот избор на најдобрите шест куглари во МКЛ црвено-црните партиципираат со две имиња и тоа на првата и втората позиција. Најдобар скор постигна Влаќевски кој за своето име запиша неверојатни 674 “ соборени дрва“ , за напомена второ коло по ред има најдобар личен скор во кугларската лига. Втора позиција во топ шест ова недела му припадна на вториот член од дуото секогаш одличниот и расположен лидер на вардарци Димитар Димитровски. Тој во ова седмо коло оствари одличен резултат од 643 “ соборени дрва “ што беше повеќе од доволно да се најде на втората позиција пред Сашо Трпковски од Макпетрол кој имаше 617. Четврто пласиран е Виктор Николовски од Макпетрол со скор 613, веднаш под него е Лазо Атанасов од ГТЦ Мусандра со освоен резултат од 612 и последен на листата се најде Александар Соколовски од Макпетрол со освен резултат 581. Радува фактот дека ударното дуо на Вардар е во се подобра форма во пресрет за завршните три кола во МКЛ. Прв предизвик што следува за нашите куглари е дуелот со КК Империјал Тобако ТКС , овој меч е закажан за сабота со почеток во десет часот