Ново сериозно засилување во составот на пионерите на фудбалскиот колектив ова зимо е младиот Саит Битиќи. Тој за време на паузата официјално премина во ФК Вардар од екипата на ФК Арена Спорт Келн, Саид сериозно го засили нападот на оваа генерацијата која е предводена на клупа од Сашо Тодоровски. Тој е фудбалер кој е роден 2000 година, тој поседува исклучителни физички карактеристики.
Млададата фудбалска надеж го краси брзината и експлозивноста, игра на позицијата централен напаѓач т.е. “класична деветка“, доста е пргав за време на фудбалската игра и поседува посебно чуство за погодоци. Почнал да тренира фудбал доста рано на неполни седум години, а фудбалски почетоци ги имал во екипата на ФК Скопје од скопската населба Автокоманда. Во таа екипата ги минал сите претходни категории Саит Битиќи ги бранел боите на Скопје нешто повеќе од седум години . Потоа преминал во нова фудбалска средина, неговиот пат продолжил во фудбалската школа Арена Спорт Келн каде бил околу една година, а од таму успева да биде забележан и да премине во ФК Вардар . Тој според нашите информации е многу блиску до повик за репрезентацијата на Македонија во неговата старосна категорија. Саит Битиќи е играч кој носи дополнителен квалитет во секоја екипа во која се натпреварува особено со неговата лукавост, снаодливост и умешност во нападот. Тој е исклулително физички силен, нешто што го издвојува од останатите играчи во таа генерација, а со него Вардар ќе добие “класична деветка “ која за неколку години може да игра во првиот тим на црвено-црните. Вардар фанс како неуморен подржувач на младите категории од овој нов играч обезбеди изјава за неговите први впечатоци:
-Секако дека сум задоволен од приемот во новата фудбалска средина, во која се надевам дека ќе успеам да се наметнам како опција кај мојот тренер. Имам одлична комуникација со моите соиграчи во Вардар и со останатите од стручниот штаб на црвено-црните. Се надевам дека во иднина ќе добијам шанса да ја покажам мојата игра, и се надевам дека со мојот придонес ќе освојуваме многу трофеии- изјави Битиќи за нашиот сајт.