Wednesday ,23 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со победа да ја заокружиме групната фаза!
Со победа да ја заокружиме групната фаза!

Со победа да ја заокружиме групната фаза!

Само победа ние во мислите на денешиот натпревар. Во 17 часот и 30 минути во СЦ. ”Јане Сандански” шампионот на Македонија РК Вардар ќе го пречека тимот на Монпелје од Франција, ова ќе биде последен натпревар од групната фаза во ЛШ. По досега одиграни 13 кола, РК Вардар се наоѓа на четвртата позиција на табелата со освоени 16 бодови, додека пак денешниот противник се наоѓа на шестата позиција на табелата со седум освоени бодови, но и оваа позиција носи 1/8 финале во ЛШ.
2014-10-19_ldc_egalite_parfaite_entre_montpellier_et_vardar_34_34

Вардар мора да победи на овој натпревар и со сигурност да си го обезбеди (најмалку) четвртото место на табелата, а наша цел секако дека е третото место кое носи на хартија полесен противник во 1/8 финалето. Доколку Вардарци победат на денешниот натпревар, тогаш ќе очекуваат шампионот на Европа, Барселона на домашен терен да го победи тимот на Рајн – Некар, со што Вардарци би завршиле на трета позиција на табелата во групата Б.