Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година ја забележаа треттата пролетна победа во детската фудбалска лига. Избраниците на Петар Георгиевски на денешниот натпревар одигран на терените на ФФМ беа подобри од екипата на Скупи со резултат 2:0. Целосна доминација за Вардар, кој според шансите и играта заслужи и повисока победа.
Првата прилика за постигнување на гол ја имаше Дамјан Андреев, откако неговиот удар заврши покрај голот на Скупи. Во една акција шанси за Дамјан Трајановски и Дарко Димитров. Шанса и на спротивната страна за екипата на Скупи, но ништо посериозно за нашиот голман Марко Станковски. Првото полувреме заврши со почетниот резултат 0:0.
Во вториот дел дојде до израз квалитетот на црвено-црните и подобрата физичка подготовка. Ново влезениот Атом Фазлиу во два наврати шутираше кон противничкиот гол и најави дека нивната мрежа за брзо време ќе биде затресена. Стрелецот на двата гола Трајановски пред да се запише во листата на стрелци биеше од слободен удар покрај голот на Скупи. Противникот не можеше долго време да издржи и конечна “капитулираше“. Во акција која ја започна Фазлиу а ја заврши Дамјан Трајановски, црвено-црните поведоа со 1:0. До крајот на натпреварот истиот играч уште еднаш ја тресеше мрежата на Скупи за 2:0 и беше еден од најдобрите поединци на овој дуел. Оваа генерација продолжува со сигруни настапи во оваа лига и е единствената Вардарова генерација која има максимален број на освоени бодови во детската лига.
ФК Вардар: Станковски, Ѓоргиевски, Симев, Костовски (c), Пешовски, Давидовски, Гугуљанов, Речица, Трајановски, Андреев, Димитров.
Резерви: Величковски, Асенов, Крстевски, Веловски, Стојанов, Величковиќ, Попоски, Фазлиу, Шабани.