Ако за некого фразата “Небото е лимит“ може да се искористи во македонското куглање тоа е дуото Влаќевски-Димитровски кој поседуваат вонсериски квалитет, играчи кој лесно би биле лидери и во најсилните европски и светски екипи во овој спорт. Во саботата во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар-Скопје се одржаа квалификациите за Купот на Република Македонија во куглање. На истиот учество земаа сите учесници во МКЛ . Избраниците на шефот на стручниот штаб на црвено-црните Драги Димитровски успеаа да обезбедат пласман во најдобриот “квартет’ кои ќе играат полуфинале од ова натпреварување.
По завршувањето на истото на официјалната страна на кугларската федерација се појави стандардниот избор на иделниот тим односно популарно наречен “Топ-6 на колото“. Повторно со позициите еден-два “царуваат“ неприкосновените во нашата лига играчите со светски квалитет, а македонски темперамент Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски. Првата позиција е резервирана за “Кугларскиот Моцарт” феноменалниот куглар, соборувачот на рекорди Бојан Влаќевски кој имаше 610 “соборени дрва“. Втората позиција ја освои “Дијамантот“ на Кугларски Клуб Вардар најдобриот куглар во последната деценија во земјава Димитар Димитровски кој впиша зад своето име 589 “соборени дрва“. Вардаровата доминација на квалификациите не престанува тука во топ-6 изборот имаме дури четири наши момци. На позициите три и четири се двајца куглари на “пумпашите“,а петтата и шестата позиција им припаднаа на Младен Донковски кој имаше резулат 576, а Миле Димковски заврши со 575 “соборени дрва“. Првите полуфинални натпревари се играат на 19.03.2016г во сабота. Вардар годинава го брани тронот во ова натпреварување од како лани во еден драматичен дуел го освои и се закити со пехарот во купот.