Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куп Куглање 1/2-финале! Повторно Вардар мина триумфално низ Битола
Куп Куглање 1/2-финале! Повторно Вардар мина триумфално низ Битола

Куп Куглање 1/2-финале! Повторно Вардар мина триумфално низ Битола

Во саботата во Битола се одигра првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија во куглање помеѓу домаќинот, битолскиот тим Хераклеа и нашиот црвено-црн кугларски колектив. Вардар на овој меч отиде како фаворит од повеќе причини. Првата причина е што сме актуелни куп шампиони и го браниме истиот, а по неосвојувањето на лигата сите сили за трофеј ни се насочени во ова натпреварување. Втора причина за нашата фаворитска улога е тоа што покажавме дека тимот е во форма на квалификацискиот турнир бевме први, односно екипно имавме најдобар скор, трет показател е местото на табелата во штотуку завршената Македонска кугларска лига избраниците на Драги Димитровски беа вице-шампиони со 17 бода, а битолчани беа четврто пласирани со дури 7 бода помалку во однос на нашиот тим.

Ова беше прв меч од овој двомеч кој ќе го даде патникот во финалето од купот, вториот дуел ќе го играме оваа сабота во Скопје на нашиот домашен терен во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“. На саботниот меч во градот под Пелистер си ја оправдавме фаворитската улога и издвојувавме победа, со што влегуваме во реваншот дома со сериозна предност безмалку  поминавме голем дел од патот до големото финале. На овој дуел кој за познавачите на куглањето е познат како тешко гостување црвено-црните остварија победа со 3-5, или резулатот беше 2921-2961 во “соборени дрва“. Најдобар скор имаше “дијамантот“ на Вардар Димитар Димитровски кој собори 520 “дрва“, веднаш зад него беше нормално Бојан неговиот партнер од феноменалното дуо Влаќевски-Димитровски  тој имаше личен скор од 497. На третата позиција кај нас по остварен личен резулат беше Димковски со 496, а четврти беше  Донковски со 489 “соборени дрва“. Уште за вардарци настапиа и Згонац кој забележа 490 и помладиот брат на Димитар младиот куглар Дарко Димитровски кој впиша зад своето име 469 “соборени дрва“. По ова полуфинале не се очекува да имаме играч во топ-6 изборот заради лошите услови во кугланата при Салата “Младост“ во Битола, на која врвни резулати воопшто не е можно да се постигнат.