Во саботниот ден на “Јуниор“ лигата во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одиграа дуелите во женска конкуренција помеѓу Академија-3 и екипата на РК Делчево Вардар, и мечот помеѓу Академија-1 и Опш.Кисела Вода. На првиот дуел победа остварија ракометарките на РК Делчево-Вардар, а во вториот дуел победа однесоа младите ракометарки на Академија-1.
Во првиот дуел за девојки родени 2000/2001 се сретнаа екипите на Академија-3 и РК Делчево Вардар, поуспешни во истиот беа ракометарките на РК Делчево. Први со два гола мечот го започнаа младите ракометни надежи на РК Делчево-Вардар, по што веднаш возвратиа девојките на Академија-3 со погодок во мрежата на делчевки. По овие почетни минути па се до средината на првиот дел на теренот играша само една екипа, а тоа е Делчево-Вардар. Тие почнаа да играт одлична одбрана, казнуваа од контра-напади и имаа одлична реализација на нападите со што направија серија од 9-0, за резулат на семафорот од 11-1. Играчите на Академија-3 конечно се будат и постигнуваат два погодока едноподруго, но девојките од Делчево не дозволуваат изненадување и враќаат со серија 4-1 за да на полувреме се замине со резултат 14-4.
Почна вториот дел на теренот во салата “Кале“ почна и новата “стрелба“ кон голот на Академија-3, делчевските ракометарки прават нова серија од 4-0 и ја зголемуваат предноста на дотогаш највисоки 14 гола, резулатот е 18-4. Академија-3 се потрудива и успева да постигне прв гол во вториот дел за 18-5, но потоа добива нова серија во својата мрежа, овој пат серијата е 5-0 и резулатот по оваа серија е 23-5 со што РК Делчево Вардар успеаа да стигне до најголема предност од 18 гола која повторно нема да ја надмине повеќе на овој меч. Девојките на Академија-3 ја подобриа играта во продолжение по овој момент, тие успеваат да постигнат пет гола, а да примат само три и да го завршат мечот со резултат 26-10.
Во вториот дуелот се сретнаа Опш.Кисела Вода и Академија-1, ова беше меч за генерација 2002/2003 во женска конкуренција подобар противник беше екипата на Академија-1. Први со гол мечот го отворија ракометарите од Кисела Вода кои поведоа со 1-0 на самиот почеток од дуелот. Академија-1 веднаш се заангажира во одбраната по овој погодок, играше цврсто и реализираше сигурно во нападот, тие направија серија 0-5 и отидоа на најголеми за нив во тој момент 4 гола предност. Младите девојки од Опш.Кисела Вода вратија со два погодока во мрежата на Академија-1 и се вратија резулатски во дуелот, резулатот во тој момент на семафорот во “Кале“ беше 3-5. Во продолжението се играше игра гол за гол на двете страни и на одмор се замина со резултат 5-8.
Ракометарките од Академија-1 целосно доминираа на почетокот од вториот дел тие набрзина постигнаа три погодоци во мрежата на Опш.Кисела Вода. Ракометарките од Кисела Вода се обидоа да се вратат во мечот, но никако не успеваа да погодат во мрежата на Академија-1 чии девојки безмилосрдно ги казнуваа овие промашувања. Тие им дадоа уште четири нови погодоци на девојките од К.Вода кој се до финишот во вториот дел не успеваа да постигнат почесен гол во вториот дел. Серијата на Академија-1 дојде до 0-7 во вториот дел со што на семафорот резулатот беше 5-14 што беше највисока предност на мечот од 9 погодока. Индиспонираните ракометарки на Опш.Кисела Вода успеаа во последните момети од мечот да го постигнат за нив првиот гол во вториот период или шести на целиот дуел, мечот заврши со резулата 6-14.