Младинците на РК Вардар победија во дербито со екипата на Пелистер и на тој начин ги одржаа шансите за пласман на завршниот турнир. Избраниците на Слободан Чивлачки одиграа одличен натпревар и имаа постојанана предност во текот на целиот меч. Конечниот резултат гласеше 34:27, а на полувреме црвено-црните имаа позитива од пет погодоци (15:10). Убедливо најефикасен на ова дерби беше Марко Мишевски кој постигна 14 голови.
-Напорно се подготвувавме за овој меч, бидејки ни беа неопходни бодовите за пласман на завршниот турнир. Одбраната беше на високо ниво и имавме доста успешна реализиција во нападот. Со овој триумф шансите станаа поголеми за учество на турнирот на најдобрите четири екипи во младинската лига. Ќе продолжиме напорно да работиме и да постигнеме добри резултати и на следните натпревари. Задоволен сум од мојот придонес на мечот, ќе се трудам да бидам се подобар. Секако без соработка од екипата и соиграчите не се постигнува успех, изјави Марко Мишевски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски