Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Александар Ѓорѓиески: Оваа победа ни ја подигна самодовербата на повисоко ниво, за освојување на титулата
Александар Ѓорѓиески:  Оваа победа ни ја подигна самодовербата на повисоко ниво, за освојување на титулата

Александар Ѓорѓиески: Оваа победа ни ја подигна самодовербата на повисоко ниво, за освојување на титулата

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во првенството, откако во второто пролетно коло беа подбри од екипата на Победа. Натпреварот се одигра на теренот во Марино и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 4:0. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Со овој триумф Вардарци се вратија во борбата за титулата во лигата. Стрелци на головите за Вардар беа Александар Ѓорѓиески, Саит Битиќи, Марко Ѓорѓиевски и Виктор Пешевски.

-Одигравме добар натпревар во кој бевме подобри и заслужено победивме 4-0, со што ова ни беше прва пролетна победа. Иако бевме фаворити во овој дуел, беше тешко со што головите ги дадовме во второто полувреме. Оваа победа ни ја подигна самодовербата на високо ниво, за освојување на титулата. На сите натпревари до крајот на сезоната ќе го дадам максиумот со цел да ја освоиме титулата, изјави Александар Ѓорѓиески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски