Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ маскимално ги искористува слободните денови за одигрување на пријателски натпревари. Вчера на терените на фудбалската федерација на Македонија одиграа нов контролен меч со екипата на Смиљковци. Инаку од следната натпреварувачка сезона оваа генерација ќе треба да игра со 6+1 на теренот, па ваквите мечеви се добредојдени за избраниците на Кралевски, кои сега настапуваат со 4+1 во детската лига.
Овој натпревар со засилениот тим на Смиљковци, кој ќе учествува на турнир во Загреб го добивме со убедлива победа од 10:2. Се играше три полувремиња по 20 минути. Давид Голубов и Марко Николовски постигнаа по четири голови. Во листата на стрелци се запишаа и Стефан Колоски и Драган Јанкоски.
Настапивме во следниов состав: Андреј Данстак, Дамјан Крстевски, Стефан Колоски, Михаил Николов, Милош Спасовски, Драган Јанкоски, Михаил Танчев, Никита Патаровски, Максим Цониќ, Давид Голубов и Марко Николовски.