Вечерва РК Вардар се пласираше во најдобрите осум во ЕХФ Лигата на шампионите по победата над Висла во “инфаркт меч“. По завршувањето на средбата во конферециската сала се одржа стандардната прес-конференција на која своите ставови за оваа победа ги искажа шефот на стручниот штаб на црвено-црните Раул Гонзлес:
И честитам на Висла и на Каденас, затоа што играа многу добро денес. Ова за нас беше многу тешко знаевме дека ќе биде тешко го изјавив уште минатата недела. Во првите 10/15 минути игравме добро, ама нивниот голман Коралес беше одличен на голот, а ние промашивме четири пенали. На полувремето зборувавме во соблекувалната, имавме многу многу притисок дека мора да се победи. Тие малку по малку ја градеше предноста и секогаш беше еден-два разлика за неа. Но јас сум многу горд на моите играчи зашто се бореа многу. Можеби ако играш против Веспрем, Барселна и Кил можеш само да победиш и да не изгубиш ништо, затоа што тие се подобри. Горд сум на моите играчи затоа што игравме со срце, имавме 3 гола негатива на десет минути пред крајот и успеавме да се вратиме. Сега ќе играме третпат четвртфинале, прво беше со Фленсбург, потота со Кјелце и сега со Веспрем. Ќе се спремаме многу, прво нѐ очекува ф-4 во СЕХА следниот викенд -изјави Гонзалес.
Од играчите на нашиот црвено-црн ракометен колектив преставник на прес-конференцијата беше најзаслужниот вечерва заедно со Штербик напиот пикер Тоскиќ , тој за оваа голема победа во овој навистина тежок дуел изјави:
Најпрво да им честитам на екипата на Висла за одличните два натпревари. Имавме и двата тима повредени играчи, но тоа е ракометот. Се мачевме во текот на целиот меч, но сепак покажавме дека имаме квалитет и заслужено се пласиравме во најдобрите осум екипи во Европа. Против екипата на Веспрем ќе дадеме се од себе. Ние ќе им ја предадеме улогата на фаворит, но ќе излезем на терен и ќе видиме што ќе се случи. Нема многу одмор за нас, по еден ден одмор играме со Брес по што следува Ф-4 во СЕХА лигата. -изјави Тоскиќ.