Пред малку РК Вардар против Брест Мешков го одигра последното коло од СЕХА лигата кое не значи ништо и ќе биде воигрување пред клучните натпревари. Во овој меч на кој гостувавме со само 9 играчи успеавме да оствариме победа со 32-30.
Овој Сеха дуел ние го отворивме први со погодок и тоа преку Илија Абутовиќ во втората минута од мечот. Во наредните два напада на двете страни домаќините погодија двапати, а ние еднаш за резулат 2-2. Потоа успеавме да врземе два едноподруго погодоци преку крилата Манасков и Шишкарев и се одлепивме на 2-4. Домаќините заиграа поангажирано и по ревија голови на двете страни успеаа да изедначат на 7-7 во 12 минута. Двете екипи се менуваа во водството до крајот на првиот дел, а резулатот беше изедначуван дури седум пати во ова прво полувреме. Па така и на одмор се замина со реми резултат на семафорот, играчите на двете екипи заминаа на пауза со резулат 18-18.
Вториот дел го почнавме ние први со погодок, руското крило во нашите редови Даниел Шишкарев погодува за гол предност. Вардар прави серија 1-3 на почетокот од вториот дел и поведува со 19-21, но домаќините за само 60 секунди со два погодока повторно ја враќаат резултатската симетрија на семафорот. Циндриќ, Манасков и Шишкарев погодуваат по еднаш во продолжение, а во одбраната играме одлично и не примаме погодок првпат денес се одлепуваме на плус три, резулатот во 42 минута е 21-24. Во наредните седум минути двете екипи постигнаа по три погодока, резулатот остана и понатака три позитива за нас. Резултатот во 48 минута на овој дуел со Брест Мешков е 24-27 со што полека се наговестува нов триумф за црвено-црните во СЕХА регионалната лига. По оваа 48 минута во наредните седум минути следеше еден неефикасен период во кој двете екипи постигнаа само по два гола, а предноста остана иста овој пат резулатот беше 26-29. Мечот до крај беше рутина за нашите момци, тие однесоа победа со резултат 30-32.
РК Вардар: Стоилов 3, Манасков 8, Душебаев 6, Абутовиќ1, Циндриќ 9, Шишкарев 4, Марсениќ 1. Ангелов забележа 6 интервенции , а Милиќ 7.