Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Триумфално коло за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига
Триумфално коло за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Триумфално коло за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ забележаа две убедливи победи во детската лига. Избраниците на Зорн Петковски за противници ги имаа екипите на Скупи и Кул.

ФК Вардар (1) одигра натпревар против екипата на Скупи и забележа убедлива победа. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 7:3. Можевме да видиме едно одлично издание на црвено-црните кои прикажаа добра игра и на крајот сосема заслужено победија. По првото полувреме имавме предност од 4:1. Во вториот дел постигнавме повеќе погодоци од противникот за убелдив триумф. Капитенот Филип Јовановски и Дарко Секоски постигнаа по два гола. Во листата на стрелци се запишаа Никола Величковски, Симче Здравковски, додека беше постигнат и авто гол од страна на Скупи.

Вардар (2) пак за противник ја имаше екипата на Кул. И тука нашите млади надежи беа надмоќни спрема противникот. Имаа контрола на играта и голем број на шанси. На крајот конечниот резултат беше 6:1. победата ја најавивме уште во првиот дел, кога имавме предност од 3:0. По два гола беа дело на Горјан Цветков и Филип Крстиќ, додека по еден постигнаа Исак Петковски и Петар Пројкоски.