Првите два пролетни турнири во фудбалскиот сегмент од Јуниор лигата се одиграа во Скопје и во Штип. третиот пролетен турнир викендов ќе се игра во бисерот покрај Охридското езеро, градот Охрид. Ова коло на програмата во недела, на третиот турнир домаќин ќе биде екипата на ФК Евро фудбал 2 – Вардар. Мечевите ќе се играат на одличен терен на стадионот „Билјанини извори“. На овој фудбалски натпреварувачки собир ќе настапат екипите на ФК Вардар, ФК Ново Лисиче и ФК Спортефе од Скопје, и ФК Прилеп и нормално домаќинот ФК Евро фудбал 2 – Вардар од Охрид. Според распоредот предвидени се мечеви во генерациите на фудбалерчиња родени од 2003 година до 2006 година. Во недела ќе бидат одиграни 12 средби, може во продолжение да го видите редослед на мечевите во Охрид оваа недела:
Генерација 2003 година:
- 11:00 часот ФК Прилеп – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
- 11:45 часот ФК Вардар – ФК Ново Лисиче, Скопје
- 12:30 часот ФК Вардар – ФК Прилеп
- 13:15 часот ФК Ново Лисиче, Скопје – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
Генерација 2004 година:
- 11:00 часот ФК Евро фудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје
Генерација 2005 година:
- 11:00 часот ФК Прилеп – ФК Ново Лисиче, Скопје
- 11:35 часот ФК Вардар – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
- 12:10 часот ФК Вардар – ФК Прилеп
- 12:45 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје
Генерација 2006 година:
- 11:00 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
- 11:35 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
- 12:10 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје