Wednesday ,23 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати сите учесници на Ф-4
Познати сите учесници на Ф-4

Познати сите учесници на Ф-4

Вчера се комплетираа сите патници кои ќе патуваат за Келн на Ф-4 завршниот турнир во Лигата на шампионите. За жал и оваа сезона дел од завршниот турнир нема да биде нашиот шампион, екипата на РК Вардар. Интересно е тоа што на овој фајнл – фор ќе учествуваат четири екипи, сите четири преставници на различни земји: Веспрем (Унгарија), Кил (Германија) Кјелце (Полска) ПСЖ (Франција) 

Како што е добро познато, за жал Веспрем во 1/4 финалето го елиминираше нашиот првак РК Вардар и се пласираше на уште еден голем собир на кој ќе атакуваат на трофејот. На едниот натпревар Веспрем дојде до победа од 3 голови разлика додека пак во Унгарија беше нерешено. Кил, германскиот тим оваа сезона важи за еден од најголемите претенденти за титулата. Кил својата силина ја покажа во 1/4 финалната пресметка на која го елиминираше Европскиот првак Барселона.

Кјелце, полскиот шампион дојде до овој нов фајнл – фор за нив победувајќи го тесно тимот на Фленсбург од Германија. Полскиот тим отиде понатаму со само еден гол предност стекнат од двомечот против германците. ПСЖ, овој француски тим според многумина е главен фаворит за насловот оваа сезона. Тимот предводен од Хансен ”гази” оваа сезона во Л.Ш, во 1/4 финалето го победија лесно тимот на Загреб на гости, а дома одигра нерешено.

На овој завршен турнир ќе настапат и тројца нови Вардарци, а тоа се: Кањелас, Чупиќ и Фереира.