Реномираниот спортски портал “Hand Station“ ги одбра најдобрите седум ракометари во групната фаза на Лигата на Шампионите. Во тој состав се најдоа и двајца играчи на Вардар.
Според нивниот избор најдобро лево крило е летачкиот Тимур Дибиров ,кој ги остава во сенка играчи како Геншејмер и Сигурдсон.Со напомена дека тој е најдобар и најефикасен играч на нашата екипа со вкупно 69 погодоци.Неговата демонстрација, совршенство и ефикасност го прават опасен играч за противникот, се вели во изборот на овој портал.
Игор Карачиќ е најдобар на својата позција, среден бек. Тој е вистински диригент во играта на Раул Гонзалес, кој има постигнато 52 гола,и заслужено е избран за најдобар организатор на играта.
Во идеалниот состав се наоѓаат уште и Кирил Лазаров (десен бек), Драган Гајиќ (десно крило), Роланд Миклер (голман) и Камил Сипжак (пикер).