Оваа недела на 8.мај, недела со почеток во 8:45 часот по 12 пат ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон. Според очекувањата се очекува да настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Очекувано главна ќе биде маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, потоа следи штафетниот маратон и трката на 5км која е наменета за рекреативци и атлетичари кои настапуваат на кратки и средни патеки. Петре Завировски ќе го трча својот 13 полумаратон во кариерата, тој зад себе има два настапи на 30км во Охрид и два маратони 42км. Негов најдобар резултат на полумаратон е 1:17:35 истрчан пред две години во Драч на балканското првенство во полумаратон. Завировски ќе го напаѓа својот најдобар резултат. За Скопски тој кратко ни изјави:
- “Имам не наплатен долг на Скопски маратон. Пред 2 години не трчав поради повреда. Мината година се откажа Маратонот. Оваа година не смее да лизне без борба резултатот.”
Во продолжение погледнете го мотивациското видео за овој наш црвено-црн атлетичар кој ќе се обиде да даде се од себе и да оствари поволен личен резулат.