Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Поранешниот бугарски репрезентативец Севдалин Тодоров ќе биде засилување за БК Вардар и македонската селекција во Истанбул
БОРЕЊЕ! Поранешниот бугарски репрезентативец Севдалин Тодоров ќе биде засилување за БК Вардар и македонската селекција во Истанбул

БОРЕЊЕ! Поранешниот бугарски репрезентативец Севдалин Тодоров ќе биде засилување за БК Вардар и македонската селекција во Истанбул

Се наближува денот “Д“ ,  Македонските репрезентативци, борачи и тренери би требало на 6 мај,  в петок да пристигнат во Истанбул, Турција. Таму ќе се одржи последниот квалификациски турнир односно борба за пласман во финалето. Учесниците во финалните борби ќе обезбедат учество на Олимпијадата во Рио оваа година.
Стручниот штаб на Вардар се засилува пред квалификацискиот турнир за учество на Олимпијадата во Рио, како помош за вардаровите репрезентативци Халил Зубаиров и Мохамедгаџи Нуров. Поранешниот борач на Спартак од Кочани во 90-тите години на минатиот век и бугарски репрезентативец, Сертел Карабаџхаков (претходно познат како Севдалин Тодоров) ќе ги пречека нашите борачи во Истанбул.

bk2

Тој моментално живее и работи во Истанбул , кој што со задоволство ја прифатил молбата за соработка со македонската репрезентација и стручниот штаб на БК Вардар.Карабаџхаков прв ќе ги дочека и ќе се погрижи нашите репрезентативци да ги добијат сите услови за престој и навреме да ги добијат потребните информации за натпреварувањето, се до една цел:
Репрезентативците да дојдат до олимписка норма во Истанбул за најголемиот планетарен спортски настан оваа година олимпијадата во Рио-2016. 

bk3