Овој викенд во Охрид ќе се одиграат полуфиналните и финалните натпревари во купот на Македонија. РК Вардар и оваа година е бранител на трофејот од една страна, а пак од друга страна ќе го напаѓа, да го освои својот единаести куп трофеј.
Патот до трофејот треба да мине низ два натпревари. Едниот е во петок, кога го играме 1/2 финалниот дуел против вчерашниот противник кој го добивме, екипата на РК Охрид, кој е домаќин оваа година. Натпреварот против Охрид ќе се одигра од 20 часот, со директен пренос на Собранискиот канал. Вардарци се очекува овој дуел да го добија лесно, и да го очекуваат противникот во финалето, кое се игра во сабота со почеток во 17 часот и 30 минути. Другиот 1/2 финален пар е Вардар Јуниор – Металург. Очекуваме и на овој натпревар нашите млади играчи да докажат дека се работи за исклучително талентиран тим, и да му го ”загорчат” патот до финалето на тимот од Автокоманда. Овој натпревар ќе се одигра исто така во петок со почеток во 17 часот и 30 минути, исто така низ директен пренос на Собранискиот канал.
Очекуваме Вардарци да не израдуваат со уште една куп титула, вкупно 11 во својата историја.