Во недела во спортскиот рекреативен центар Кале ќе биде одигран завршниот ракометен турнир во машката младинска лига. Екипите на РК Вардар Јуниор, Металург 2, Пролет 62 и Преспа 2010 ќе се борат за приматот младински шампион на Македонија. Во првото полуфинале од 10 часот ќе се сретнат екипите на Вардар Јуниор и Металург, додека второто полуфинале (12:15) го сочинуваат Преспа и Пролет. Финалето ќе се одигра истиот ден од 19:15 часот.
Избраниците на Зоран Петковски-Зенга го завршија регуларниот дел од сезоната на второто место во својата група. Забележавме осум победи, еден нерешен резултат и само еден пораз. Металург 2 е фаворит за првото место на завршниот турнир, со оглед на возраста на играчите и нивното учество во супер лигата. Континуираниот настап на силни натпревари во најсилната супер-лига им дава можност на тимот од Автокоманда да влезат како најголеми претеденти за освојување на трофејот. Сепак нашиоит младински состав располага со добри играчи, кои можат секако да го победат. Домашниот терен треба да биде мотив повеќе за црвено-црните, со голема борба во текот на сите 60 минути да се обидеме да го совладаме противникот.
Исто така поддршката од публиката ќе биде потребна, како дополнителен мотив и потик за нашите момци. Дојдете во недела на Кале да ги подржиме младите Вардарци во битката за трофејот.