Денес се одиграа натпревари од завршните натпревари од елиминацискиот дел од детската лига, за генерации родени “2005“,“2006“ и “2007“ година. Натпреварите се играа на терените на фудбалскиот клуб Работнички. Најмладата Вардарова генерација, која се натпреварува во лигара, се момчињата родени “2007“ година, кои ги предводи Томче Трајановски. Тие во елиминацксиот дел настапија со две екипи, од кои едната успеа да се пласира на завршниот турнир.
По вчерашната победа против Македонија Ѓ.П, Вардар (1) денес пред себе имаше уште два предизвици, кон остварување на целта. Утрово прв противник ни беше екипата на Форца, која убедливо ја победивме со резултат 4:0. Уште на полувреме беше решен победникот, кога имавме солидно водство од 3:0. Нашите млади надежи имаа целосна доминација на теренот, дозволувајќи му на противникот да упати само еден удар во рамките на нашиот гол. Во вториот дел уште еднаш ја тресевме мрежата на Форца и тоа со проектил удар од Стефан Младеновски, за конечен резултат од 4:0 на овој меч. Стрелци на головите беа Петар Мицевски (2), Борјан Томовски и Стефан Младеновски.
Немаше многу одмор за оваа екипа, која мораше да одигра уште еден меч, за да обезбеди пласман на завршниот турнир. Последната пречка ни беше тимот на Скупи, која успешно ја поминавме и тоа со висок триумф од 8:1. не почна овој дуел добро за нас, на кој имавме негатива од 0:1. Ова почетна негатива како да ги налути нашите момчиња, кои со сите сили тргнаа на противничката половина. До полувреме успеваме да го свртиме резултатот во своја корист. Најпрво израмнување на 1:1, донесе Борјан Томовски, додека за водство од 2:1 се погрижи Стефан Младеновски.
Во вториот дел голеада во голот на Скупи, кој немаше сила да се носи со нашиот тим. Повторно Младеновски постигнува гол, за водство од 3:1. Речиси на секоја четврта минута успеававме да постигнеме голови. Томовски е незапирлив за противничките играчи и нерешлива енигма, со неговиот гол веќе имавме убедливи 4:1. Сепак тука не застанавме и до крај игравме борбено. Петарда во мрежата на Скупи, испорача Петар Мицевски за водство од 5:1. Истиов играч погодува и за 6:1, по одбиена топка од пречката, откако претходно биеше Лука Атанасовски. Младеновски повторно успеа да се запише во листата на стрелци, за зголемување на 7:1, додека деби-гол за оваа генерација на Вардар постигнува и Филип Караревски, за конечни 8:1.
Вардар (2) во решавачкиот натпревар за пласман на завршниот турнир беше поразен од екипата на Спорт Ефе. Екипите на Вардар и Нова Колонија се победници од Скопско-Кумановскиот регион и учесниците од оваа генерација на завршниот турнир.