Изминатата саботата во спортско рекреативниот центар “Јане Сандански“ се одиграа 1/2 финалните мечеви за генерација 2000/2001 во машка и женска конкуренција. Девојките од тимот на РК Филип Вардар во генерацијата 2000/2001 се најдоа во финалето во својата генерација. Девојките од тимот на РК Филип во полуфиналниот дуел беа подобри од тимот на Кузман победувајќи со 35-11. РК Филип Вардар во финалето ќе играат против тимот на РК Делчево кој беше поуспешен во другото полуфинале од лигата, а пак во меч за трето место ќе играат Академија 2 и Кузман.
Први поведоа девојките предводени од Александра Кузмановска тимот на РК Кузман-Вардар со еден гол предност, веднаш потоа РК Филип Вардар го презема водството со серија 0-3. Со два последователни погодока девојките од Кузман изедначувааат на 3-3. Веднаш девојките од Филип го враќаат водството на своја страна, тие стандарно се во налет и прават серија 3-0 и се одлепуваат на “плус три“ односно 6-3. Докрајот игра гол за гол на двете страни од теренот, во која профитира со гол плус тимот на РК Филип Вардар и замина на полувреме со резулат 6-10. Во вториот дел екипата што води повторно е во налет и ја зголемува предоста со нова серија 3-0 за резултат 6-13 негде на средината од вториот дел од овој полуфинален дуел во вардаровата ракометна “Јуниор лига“ Победникот е веќе решен, прашање на време е колкава ќе биде гол разликата помеѓу двата ракометни колектива. Докрајот успеаваа да го заштитат “капиталот“ создаден денеска. Мечот заврши со резултат 19-12 во корис на Филип Вардар. Најдобри стрелци во победничкиот табор беа Јовеска и Димоска со по 8 постигнати погодоци, кај поразените Паланковска има најдобар скор со 5 гола, а зад неа во овој табор е Божиновска со 5 гола.