Утре и задутре на програмата е шесттото коло од плеј-аут сегментот во машката суперлигашка конкуренција во најпопуларниот спорт во земјава. Избраниците на Пепи Манасков младите ракометри на РК вардар јуниор ќе бидат домаќини на РК Пролет 62.
Мечот е закажан за утре, 20 мај со почеток во 18 часот и 30 минути. Вардар во мечот влегува како второпласирана екипа во плеј-аут сегментот зад битолски Пелистер. Вардаровите млади ракометари се безбедни од испаѓање, место кое веќе и теоретски е резервирано за патникот во Првата лига односно втора по квалитет во Македонија за РК Металург-2. Вардарци бегаат и 11 бода од ГРК Борец екипа која најверојано ќе игра бараж со третиот вараов колектив второпласираниот во Првата лига РК Вардар-2 . После ова коло до крајот остануваат уште три кола од разигрувањето во плеј-аутот.