Шампионот на Македонија, црвено – црниот тим на ФК Вардар може да се пофали со исклучително добра резултатска сезона во ПМФЛ. Покрај податокот дека ФК Вардар оваа сезона стигна до неверојатни 80 освоени бодови, Вардарци можат да се пофалат со исклучително успешна сезона кога е во прашање и одбраната.
Вардаровата одбрана оваа сезона ”капитулираше” само на 17 наврати, односно убедливо најмалку од сите прволигаши. Кога ќе се соберат сите 32 натпревари на кој одигравме, а примивме само 17 погодоци, тоа е одличен податок кој треба само да го радува нашиот тренер. Секако дека ”најредовни” во вардаровата одбрана беа: голманот Томе Пачовски, дефанзивецот Бобан Грнчаров кој имаше одлична сезона, заедно со дефанзивците Новак и Мијушковиќ, па и капитенот Таневски. Тука се вбројуваат и одличните оваа сезона Гачевски, потоа бековите Хамбарџумјан, Попов, Глишиќ и Владица Брдаровски.