Ракометната Јуниор лига денес својте мечеви ги има во спортско рекреативниот центар “Кале“, каде според распоредот на програмата се полуфиналните мечеви во машка и женска конкуренција кај генерациите 2002/2003 и кај 2004/2005 година. Во третиот меч денес од програмата кај генерација 2002/2003 момците се сретнаа екипите на Преспа Вардар и Бисинов Вардар. Преспа во еден интересен и ефикасен меч обезбеди финале со победа 24-16.
Мечот почна со по еден гол во двете мрежи. Потоа со три последователни погодоци Преспа се одлепи на 4-1. Следуваше период во кој со два гола Бисинов се врати во игра и намали на 5-3. Се играше инересен дуел со одлична одбрана и рамноправен удел во нападот, двете екипи погодија во продолжение по три пати во двата гола за резулат 8-6 на семафорот во спортско рекреативниот центар “Кале“ со кој се влезе во финишот од првиот дел во овој дуел. Играчите на Преспа со два гола во последните напади успеаа на одмор да отидат со “плус четири“ односно со резулат 10-6.
Вториот дел со гол го отвори тимот од Ресен со кој отиде првпат на пет гола предност денес. Во продолжение по два гола се постигнаа на двете страни сепак Бисинов беше на минус пет, 13-8. Следеше период во кој ракометарите на Бисинов имаа свој минути тие со серија 1-4 се доближуваат на минус два 14-12. Преспа веднаш зголемува на 15-12 во обид да си го врати водството, но Бисинов не се предава и со два последователни гола се доближива на гол негатива 15-14. Тука се случува кардиналниот пад во играта на Бисинов кој резултираше со девет гола во нивнаа мрежа, во моментите кога тие не успеваат да дадат нитуеден. Преспа поведува со неверојатни 23-14. Докрајот се беше рутина играчите од Ресен однесоа победа 24-16.
-Најефикасен кај победничкиот табор беше Павловски и Тасевски со по 7 гола, а Костовски успешно стрелаше 5 пати.