Нашиот ракометен шампион успеа да ја одбрани титулата во првенството, откако денес во дерби мечот беше подобар од Металург. Овој дуел се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда и заврши во корист на црвено-црните, со оваа победа дојдовме до 10-титула.
Домашната екипа многу мотивирано го започна овој дуел, со надеж дека може да ги надмине оние четири гола негатива од првиот меч во Јане Сандански. Добро го започнаа натпреварот со отварање на резултатот, но набрзина и тоа со два погодока врати Алекс Душебаев за прва предност на Вардар од 1:2. Во следните десет минути се играше гол за гол на двете страни. Арпад Штербик уште еднаш ја потврдува својата класа и почнува да ги запира нападите на Металург. Во 8 минута од мечот, нашиот чувар на мрежата имаше забележано 5 успешни интервенции, додека неговите соиграчи со головите на Горбок ја одржаа предноста од еден гол разлика. Металург беше достоен противник до првата половина од првите 30 минути, кога и почна доминацијата на црвено-црните на теренот. Со головите на Циндриќ и Карачиќ успеваме да стигнеме до највисоки три гола разлика 4:7 во 17 минута од натпреварот. Ова беше знак за Лино Червар да повика тајмаут, кој резултираше со два последователни гола на неговиот тим за намалување на 6:7. Сепак до крајот на првиот дел, тимот од Автокоманда немаше сили да направи резултатски пресврт. Понесени од одбраните на Штербик, правиме нова серија од 0:4, за највисоки во тој момент од 6:11 на четири минути пред крајот на првото полувреме. До крајот на првиот дел, Вардар ја одржува стекнатата предност и на одмор се заминува со резултат 8:12.
Карачиќ го отвора второто полувреме со погодок за враќање на највисоките пет гола предност 8:13. Штербик продолжува успешно да го брани нашиот гол и веќе да ја оствари 12 одбрана зад неговото име. Домаќините се обидуваа да сторат нешто повеќе, но Вардар беше тимот кој ја контролираше играта и резултатот. Во 38 минута успеваме да стигнеме до предност од 10:16. Следи подобра игра на Металург, кој за момент намалува на четири гола негатива 13:17. Во следните минути се игра гол за гол на двете страни, во 20 минута од вториот дел резултатот е 17-21. Веќе на сите на десетина минути до крајот им беше јасно дека сино-белите немаат што да се надеваат оваа сезона во домашниот шампионат. Во следните пет минути неефикасне перидо само по два гола во двете мрежи, останува истата предност за нас 19-23, за нас стрелаа македонските репрезентативци Стоилов и Лазаров. Мечот заврши со резултат 21-24 за Вардар.
Најистакнати во нашиот табор на овој меч беа : Арпад Штербик со 15 одбрани, Алекс Душебаев и Игор Карачиќ по пет гола.