Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! БК Вардар побара изјаснување на ФБСМ за инцидентот во Радовиш, доколку нема такво нешто случајот ќе биде предаден на Европската и Светската организација

БОРЕЊЕ! БК Вардар побара изјаснување на ФБСМ за инцидентот во Радовиш, доколку нема такво нешто случајот ќе биде предаден на Европската и Светската организација

Боречкиот клуб Вардар од Скопје се заканува ако не се постапи по барањето на нивниот тренер Љубиша Пешко да се предадат на Дисциплинската комисија лица и функционери на БК Лирија од Скопје кои на Државното изборно првенство во Радовиш го нападнале физички.
Да се предадат на дисциплинска постапка лицата и функционерите од БК Лирија, кои што без никакви причини физички ме нападнаа по финалната борба до 57 кг Сејфулаху – Егоров: Седат Бафтиу, Ахмет Бафкаровски и уште десетина членови од БК Лирија“, наведува Пешко во барањето од 13 февруари оваа година.

Како сведоци Пешко ги наведува сите присутни престваници и лица од Балкнец, Тефејуз, Неготино, Работнички, Тигар/ Безбедност, лица од УО на ФБСМ, секретарот, директорот и претседателот на ФБСМ. Тој предлага овие лица да се исклучат од сите тела на ФБСМ, за да нема девијантни појави. Како што пренесува специјалниот сајт за боречки вештини “Ipon.mk“ по ова барање, досега не е постапувано, па затоа од БК Вардар бараат: „По член 12 од Дисциплинскиот правилник писмено известување од Дисциплинската комисија, за извршениот физички напад на Изборното првенство во Радовиш и увид во изречените дисциплински мерки против сторителите, на 13.02.2016 (да не се оправдува некој на застареност на делото, член 9).

baranje

Доколку не добиеме писмен одговор од Дисциплинската комисија , или решение од УО на ФБСМ, ќе бидеме присилени делото да го предадеме до ЦЕЛА/ ОБС (CELA/UWW) и други институции, каде што бараме виновните да бидат казнети според Член 21, став Б точка 3 и став В точка 3“.