Денес се одигра последниот официјален меч во сезоната 2015/2016 за црвено-црните избраници на Раул Гонзалес. Момците денес гостуваа во последното коло од плеј-офот во Прилеп кај истоимениот ракометен колектив. По овој меч следува летна пауза за момците, дел од нив после овој меч се збогуваат и заминуваат во нови средини, а остананите ќе ги чекаат новите колеги за создавање тим за атак на Ф-4 во ЕХФ Л.Ш.
Мечот се играше во спортската сала во Прилеп, истиот немаше никакво резултатско значење за Вардар бидејќи титулата е веќе освоена, истата ни беше врачена од официјалните лица на ракометната федерација на земјава. За прилепчани овој меч има резулатско значење во борбата за третата позиција помеѓу нив и стумичкиот тим РК Макс Струмица. Црвено-црните го отворија резултатот со 2-0, недостигот на мотивација кај нас за овој меч беше евидентна Прилеп беше близу до нас цели 20 минути, а и водеше неколку пати во првите 20 минути. Тие успеаа да поведат со 10-7, по што ние се освестивме и со серија 0-4 го презедовме водството со резулат 10-11. Успеавме да одиме на одмор со 18-15 за нас. Во второто полувреме тргнавме како во последната третина од првиот дел и го решивме рано мечот уште со водството 16-22 се знаше дека бодовите идат за Скопје. Мечот завршува со наша победа од 34-38. Сезонава ја завршивме максимални 30 бода Вардар од 10 кола. Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов 2, Тоскиќ 2, Манасков 12, Македа 2, Деревен 5, Карачиќ 2, Лазаров, Циндриќ 3, Горбок, Шишкарев 6, Марсениќ 4.