Алекс Душебаев и официјално договори трансфер во Европскиот шампион, екипата на Кјелце. Алекс Душебаев ќе остане уште една сезона во црвено – црниот дрес, а од следната натпреварувачка сезона (идното лето) ќе си замине и ќе го засили тимот од Полска.
Веќе извесен период Душебаев беше поврзуван со трансфер во Кјелце, каде тренер е неговиот татко Талант Душебаев. Ова значи дека миленикот на скопската публика Алекс, по три сезони минати во Вардар ќе си замине во 2017 година како слободен играч и ќе го засили уште повеќе полскиот шампион, тимот на Кјелце.