Вчера репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра контролен натпревар против врсниците од селекцијата на Белорусија. Ова беше уште еден дуел во низа за нашите млади надежи, по одличните настапи во квалификациите на кој редиме победи. На овој натпревар Благоја Милевски изведе поинаков состав од оној вообичаениот, бидејќи дел од играчите беа повикани и за сениорската репрезентација.
Овој дуел заврши без победник 1:1. Први поведоа гостите во 45 минута од натпреварот преку Павел Савицкиј. Во 50 минута од мечот Македонија успеа да израмни преку Кире Маркоски кој ги постави конечните 1:1. На овој меч, од првата минута настапи и нашиот играч Петар Петковски кој го носеше бројот 7.