Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски пристигна во Фекетиќ каде утре ќе настапи за “светската селекција“
КУГЛАЊЕ! Влаќевски пристигна во Фекетиќ каде утре ќе настапи за “светската селекција“

КУГЛАЊЕ! Влаќевски пристигна во Фекетиќ каде утре ќе настапи за “светската селекција“

Кугларскиот “Моцарт“ играчот на црвено-црниот кугларски колектив Бојан Влаќевски денес пристигна во Фекетиќ-Република Србија. Тој кај нашиот северен сосед во текот  на  утрешниот ден ќе настапи на ревијален меч   за “светската селекција“.  Влаќевски доцна синоќа замина од Скопје за Фекетиќ  за да биде дел од собирот на најдобрите.

Ревиалниот дуел ќе се одигра  на свечено пуштање на нова куглана во тоа населено место. Во дуелот ќе се сретнат светскиот шампион кугларската селекција на нашиот северен сосед Република Србија и “светската репрезенација“ составена од најдобрите куглари. Според планираната програма дуелот ќе се одигра утре, во сабота на 11-ти јуни со почеток во 14-00 часот. Големо признание за КК Вардар е тоа што нивни член е поканет да биде дел од селекцијата на светот. Вистински раритет е што  член на Вардар ќе ја преставува нашата земја Република Македонија во светскиот тим. Во изјава за нашиот сајт токму Влаќевски за овој настан пред два дена го изјави следново:

Добив покана да настапам за светската репрезентација на ревијаен меч против шампионот Србија во чест на отварање на нова куглана и секако со задоволство ја прифатив. Тоа е нешто што не се одбива и место каде играат најквалитетните куглари во целиот свет, па дава можност да видиме до каде и како стоиме на светска сцена :) Се надевам на солидна игра и можеби некој нов личен дострел ( рекорд ), а секако и презентирање како на Македонското куглање така и на мојот клуб Вардар кој ми пружа голема доверба и верува во мене.