Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сара Стефаноска: “Јуниор“ лигата ќе ја паметам засекогаш, настап за младинските категории на РК Вардар е мојот сон кој се надевам ќе стане реалност
Сара Стефаноска: “Јуниор“ лигата ќе ја паметам засекогаш, настап за младинските категории на РК Вардар е мојот сон кој се надевам ќе стане реалност

Сара Стефаноска: “Јуниор“ лигата ќе ја паметам засекогаш, настап за младинските категории на РК Вардар е мојот сон кој се надевам ќе стане реалност

Јуниор лигата го доби својот финиш во својата дебитантската сезона, каде се натпреваруваа повеќе од 20 ракометни школи кои беа дел од академијата на ракометниот клуб Вардар. Имавме можност да гледаме натпревари во различни возрасни генерации, почнувајќи од најмладите родени 2006-2009 година, до највозрасните, генерација родени 1998 година. Се одиграа финалните натпревари по шо беа познати победниците во машкиот и женскиот дел, како и екипите кои го освоија третото место. Во наредново интервју  ќе имате можност да прочитате дел од впечатоците за Јуниор лигата од најдобриот стрелец и играч на завршниот турнир, кај генрација родени 2004/05 година. Се работи за Сара Стефаноска од екипата на РК Кале -Кичево. Таа со екипата на Академија 1 стана шампион во оваа возрасна генерација.

1. Од каде се роди желбата да започнете да играте ракомет?

-Ракомет тренирам веќе 3 години. Кога се запишав на ракомет љубовта кон него не беше толку многу силна, но денес јас се заљубив толку многу во ракометот и мислам дека без да тренирам ракомет не би можела да поминам ниту еден ден од мојот живот. Желбата за играње и постигнување на големи успеси од ден на ден ми е се поголема и поголема. Мое е вредно и посветено да работам, а се друго да оставам на моите тренери.

2. Твои целокупни впечатоци за дебитантската сезона во Јуниор лигата и твое мислење за нејзиното функционирање?

-Играч на терен пред публика и играч на обичен терен не е потполно исто. Играњето е исто, чекорите се исти, движењата се исти но возбудата е тоа што се разликаува, тоа што им дава поголемо значење и предност на игрите на големите терени пред публика на големи натпревари. Јас во мојот живот за прв пат ја имав оваа можност да ги покажам моите способности во ракометот пред публика и на ваков голем натпревар. За овој голем настан што ми се случи мене,  а исто така и на сите други деца членови на РК Вардар е заслужен истиот тој ракометен клуб,нашите тренери на РК Кале М-К Вардар и организацијата на Вардар Јуниор Лигата која е темелот на сето ова збиднување.

3. Колку си задоволна од игрите и резултатите на својата екипа, со која го освои првото место на завршниот турнир?

-До фајнал-Форот игравме многу добро без ниеден пораз и голема гол разлика во наша корист додека на завршниот турнир изигравме под очекувањето што значи дека можевме  многу подобро. За нас и публиката подобро беше го решиме победникот многу порано, но неискуството и тремата си го направија своето, но сепак на крај заслужено бевме на првото место.

4. .Колку оваа лига ти даде можност да ги покажеш своите квалитети и колку лично си задоволна од себе, од игрите што ги пружи?

-“Јуниор“ лигата за мене претставува голем настан кој ќе го паметам засекогаш. Мој прв голем натпревар на кој добивам две награди. Јас мислам дека се борев со последните сили. Покажав све што знаев и што можев да направам. Мислам дека многу допринесов за нашата победа. Тоа го покажува и мојот постигнат гол во последната секунда од натпреварот. Моите способности ги искажав пред сите, тоа за мене е големо задоволство. Неможам да кажам дека се знам и дека јас веќе сум една врвна ракометарка. Секој човек учи додека живее. Можам да кажам дека сум многу задоволна од мојата способност и од мојата игра во првата сезона на јуниор лигата. За наредните сезони се разбира дека очекувам нешто што ќе биде многу подобро од првата и нешто со кое што ќе докажам дека постојано се учи. Играњето ракомет не е решавање математички задачи, за ракомет треба многу поголем труд и време, ракометот е многу сложена задача која со голема помош на моите тренери: Ѓоко Маркоски, Драган Кузманоски и Анастасија Стефаноска од мојот клуб РШ Кале М-К Вардар Кичево со вредна и посветена работа ќе ја научам.

5. Неколку збора за твојата поединечна награда за најдобар играч. Колку истата ти значи и дали “потајно“ се надеваше дека ќе заврши во твоите раце?

-Неможам да опишам колку ми значи тоа што јас се докажав како најдобар играч и стрелец и за тој мој труд добив поединечна награда. Но без мојата екипа немаше да го постигнам тој успех. Наградите не ми значат толку многу колку што ми значи тоа со кое го докажав мојот успех постигнат со тренирање ракомет. Ми значи тоа што оние кои беа во комисијата на доделување на наградите ги забележаа моите способности и ме наградија поради тоа. Никогаш не би помислила дека ќе доживеам таков момент во животот. Значи моментот во кој го слушаш своето име и презиме и слушаш за што се си избрана и какви се награди си добила е неопислив.Во тој момент те обвземаат чувства на радост, среќа, сигурност, храброст, моќност…милион испобркани мисли. Мислам дека овој настан можам да го запишам како еден од најголемите среќни настани во мојот живот. Во текот на лигата играв против сите играчи-несметајќи на Фајнал Форот каде се вклучија и некои нови играчи. Се надевав дека ќе освојам барем една титула, по коментарите на другите тренери за ген. 2004-05.

6. После добрите игри во текот на целата сезона во “Јуниор“ лигата, дали очекуваш повик за настап во младинските категории на РК Вардар?

-Па искрено нема кој не би го посакал тоа, а доколку го посакува нормално е дека и ќе постои некаква надеж во себе за остварување на сето тоа. Тоа е и мојата цел, тоа е она за кое јас мечтаам. Јас ќе давам се од себе и секогаш ќе бидам редовна на тренинзите со голема посветеност, издржливост па се надевам дека ќе бидам и повикана за настап во младинските категории на РК Вардар. За мене тоа ќе биде еден огромен успех со голема чест и задоволство, еден сон кој ќе ми стане реалност, изјави Сара Стефаноска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски