Вардаровата генерација родени “2006“ година која ја предводи тренерот Игор Кралевски сезоната во детската лига ја заврши со 30 победи победи, 7 нерешени и само 3 порази, што е одлично достигнување за нашите млади надежи. Нападот беше ефикасен, каде постигнавме повеќе од 127 голови. Најдобриот стрелец кај оваа генерација во детската лига е Давид Голубов.
Голубов е број еден најефикасен играч со вкупно постигнати 36 голови. Ова младо момче имаше и преку 30 погодоци зад неговите име на турнирите на кои настапуваше неговата екипа. Доби награда за најдобар стрелец на турнир во Охрид, признание за најперспективен млад играч на турнир во Маџари и најдобар играч на вториот пролетен турнир од “Вардар Јуниор“ лигата.
Вака изгледа листата на ТОП-7 најефикасни играчи кај генерација “2006“ за сезоната која заврши во детската лига:
1. Давид Голубов 36 гола
2. Михаил Танчев 16
3. Марко Николовски 12
4. Стефан Колоски 11
5. Ангел Крстевски 10
6. Максим Цониќ 8
7. Дамјан Крстевски 7.