Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Трајчевски: Оваа сезона беше како загревање за следната, максиумот на оваа генерација е многу повеќе
Александар Трајчевски: Оваа сезона беше како загревање за следната, максиумот на оваа генерација е многу повеќе

Александар Трајчевски: Оваа сезона беше како загревање за следната, максиумот на оваа генерација е многу повеќе

Долго време кадетите на ФК Вардар беа достоен противник и конкурент за титулата во домашното првенство и куп. “Потфрлиме“ во моментите кога се решавање прашањето за титулата во лигата. Во последните пет кола влеговме со ист број на освоени бодови со екипата на Шкендија, која подоцна и стана шампион во оваа категорија. Нерешениот резултат против А. Пандев не врати на негатива од два бода, пред директниот конкурент, додека со поразот од Металург ги загубивме сите шанси за првото место. Сепак кадетите никако не разочараа, можеби извлекоа максиум со остварените резултати за сезоната која измина. Еден од сигурно подобрите играчи во оваа екипа е Александар Трајчевски, кој е незаменлив дел од играта на спроведена од Влатко Колев.

-Со доаѓањето на тренерот Колев уште на самиот почеток се забележа дека ќе има голем напредок во оваа генерација, започнавме одлично во есенскиот дел со пет победи по ред, но потоа следуваше еден полош период кој што придонесе на крајот од есенскиот дел да имаме пет бода заостанување од првопласираниот Металург. Овие пет бода не не “плашеа” многу и знаевме дека се достижни. Во пролетниот дел имавме исто така одличен старт со победа против Работнички со што одма ја смаливме разликата со Металург. Следуваше еден мал кикс во Прилеп со екипата на Победа, но знаевме дека најбитен натпревар ќе биде оној во Скопје со Шкендија. Овој натпревар го добивме убедливо со 2:0 и избивме на првата позиција која што не водеше до титулата. Потоа одигравме два натпревари во полуфиналето на купот, и двата ги добивме, но овие натпревари веројатно малку ни го одвлекоа вниманието од лигата и придонесоа за два кикса: нерешено со А.Пандев и пораз од Металург. До крајот на првенството се обидовме повторно да стигнеме до првото место, но конкурентите не направија ниту еден кикс.

Вардаровите кадети играа во големото финале од купот на Македонија. Таму за противник ја имавме екипата на Академија Пандев, која беше посреќна и во последните пет минути го реши победникот.

-Финалето од купот беше сигурно натпревар на сезоната и бевме спремни за тој дуел. Тоа го покажавме и на теренот каде во поголемиот дел од натпреварот бевме подобри противници. Имавме и повеќе прилики за гол, но ни фалеше онаа фудбалска среќа во завршницата. Казната стигна во најлошиот период во 86 минута кога веќе времето е многу кратко за да се вратиме во натпреварот. Овој натпревар беше доказ дека максимумот на оваа генерација не е тука и се надевам дека со одлични подготовки повторно ќе се видиме во финалето следната година, но овој пат со пехарот во нашите раце.

Оваа генерација во претходната сезона беше една од најслабите, па заклучок е дека оваа сезона беше далеку подобра за нив според играта и остварените резултати.

-Оваа сезона имавме огромен напредок и од она 5-6 место минатата сезона стигнавме до борба за двојна круна до последниот натпревар. Но според мене на чело со нашиот шеф Влатко Колев максимумот на оваа генерација е далеку повеќе, и мислам дека оваа сезона беше само како загревање за следната и токму поради тоа нестрплив сум за почетокот на припремите и следната сезона во која повторно ќе атакуваме на двојна круна.

Доагањето на Влатко Колев како главен тренер ги препороди Вардаровите кадети да играат подобро оваа сезона. Трајчевски вели дека добрите резултати во голема мера се препишуваат на нивниот тренер.

-Значењето за доаѓањето на нашиот шеф Колев за екипата е огромно. Ги направи вистинските промени во играта и точно знаеше што бара од секој играч. Наметна победнички менталитет што резултираше со одлични натпревари во текот на сезоната на целата екипа. Напредокот е голем и видлив и за мене лично. Очекувањата за следната сезона, доколку останеме кадети амбициите на целата екипа на чело со нашиот шеф Влатко Колев ќе бидат освојување на двојната круна, сметам дека можеме да го постигнеме тоа. Но и да бидеме прекомандувани во младинци амбициите не се менуваат, сигурно ќе настојуваме да ја освоиме двојна круна, изјави Александар Трајчевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски