Црнагорскиот репрезентативец Вуко Борозан беше најновото засилување, кое клубот официјално го потврди за следната сезона. Се работи за 22 годишен млад играч кој подеднакво игра во нападот и одбраната, инаку настапува на позицијата лев бек. Во црвено-црниот дрес доаѓа од бундеслигата, од екипата на Либеке. Инаку има настапувано една полусезона и во екипата на Металург од автокоманда. Покрај тоа има играно и за екипи како Ловќен од Црна Гора и Карловац од Хрватска. Се работи за голем потенцијал, кој допрва треба да ги покажува своите квалитети, а се надеваме дека Вардар ќе биде вистинското место за негово развивање како уште подобар играч. По заминувањето на Сергеј Горбок и капитенот Филип Лазаров, Борозан заедно со Деревен ќе ја сочинуваат левата бековска позиција. Се очекува црнагорскиот репрезентативец свое место да има и во одбраната. После заминувањето на Алем Тоскиќ, испразнетата дупка најверојано ќе се пополнува со Борозан и бразилецот Фереира.
Дали ќе има нови промени во ракометниот клуб Вардар, во однос на нови и заминати играчи треба да потврди следниов период. На 27-ми јули ќе стартуваат подготовките за новата сезона, а до тој период нашиот шампион треба да го комплетира својот состав за наредната натпреварувачка сезона.
Погледнете видео со настапите на Вуко Боразан за екипата на Либеке и репрезентацијата на Црна Гора.