Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ФОТО) БОРЕЊЕ! Тренерот на БК Вардар проф. Пешко оствари средба со првиот човек на ФБСМ Чифлиганец

(ФОТО) БОРЕЊЕ! Тренерот на БК Вардар проф. Пешко оствари средба со првиот човек на ФБСМ Чифлиганец

Минатата недела  имаше средба меѓу претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), г-н Ванчо Чифлиганец и тренерот на црвено-црниот боречки колектив професорот Љубиша Пешко. Како што донесува единствениот веб-сајт за боречки вештини во земјава IPON.MK , истата била со цел  пеглање на ставовите и случувањата во Федерацијата. За средбата професорот Пешко вели:

“Бев во работна посета кај претседателот г-н Ванчо Чифлиганец, каде што дискутиравме за негативните појави во македонското борење и како да се совладаат бариерите и препреките за воспоставување на стратегија на континуирана и систематска работа, но и да се прекине со стихијните и импровизирани активности“.

nas2

Ванчо Чифлиганец(лево) & проф.Љубиша Пешко (десно).

Вардаровиот тренер истакнува дека работната посета се одвивала во позитивна атмосфера и со ентузијазам и надеж да се подобри состојбата во македонското борење. Притоа размениле и пригодни подароци (автобиографијата на д-р Ванчо Чифлиганец и „55 години од македонското борење“).