Денес својот 34-ти роденден го прославува нашиот прв чувар на мрежата, Томе Пачовски. Тој е роден во „градот на конзулите“ – Битола, на 28 јуни 1982 година. Потекнува од младинската школа на тимот на Пелистер, каде и ја започнува својата професионална кариера. Потоа настапуваше и за скопски Работнички, од каде што во сезоната 2008/09 за прв пат дојде во редовите на нашиот клуб. По една година мината меѓу вардаровите стативи, Пачовски изгради успешна меѓународна кариера, бранејќи за белгиските Жерминал Бершот и Мехелен. На почетокот од 2015 година, искусниот голман повторно се врати во „црвено-црното“ јато, во својата импресивна биографија Пачовски исто така има запишано и пеесетина настапи, како чувар на репрезентативната мрежа.
Ние му посакуваме среќен роденден, уште многу настапи крај стативите на Вардар и уште многу успеси на домашната клубска сцена и надеж дека ќе впише зад своето име и успеси во фудбалска Европа. Томе среќен роденден.