Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар во октомври ќе учествува на “Светскиот куп“ во Италија, Бранко Митиќ ново име во ростерот на Димитровски

КУГЛАЊЕ! Вардар во октомври ќе учествува на “Светскиот куп“ во Италија, Бранко Митиќ ново име во ростерот на Димитровски

Момците од кугларскиот клуб  Вардар годинава во октомври ќе учествува на “Светскиот куп“ во Болчано-Италија. Избраниците на Димитровски Драги оваа сезона освоија две втори места во македонското куглање, тие беа вице-шампиони во Купот на Македонија и во Македонската кугларска лига. Шампионот кугларскиот клуб Макпетрол се одлучи да учестувава на НБЦ-купот кое е трето по квалитет натпреварување во кугларска Европа, па ни се отвори шанса да го одбереме овој најсилен собир. Играчите кои се на располагање на тренерот Драги Димитровски се дефинирани бидејќи по крајот на летниот преоден рок единствен кој го напушти КК Вардар беше Дане Јакимовски, тој својата кариера во екипата на КК Макпетрол. Ново име има  досегашниот ростер со кој настапуваше Вардар тоа е Бранко Митиќ.

Митиќ претходно настапуваше за тимот на КК Работнички тој премина претходно во Вардар, но заради повреда не беше досега на раполагање на црвено-црните. Се очекува овој играч со солидни перформанси да се стави на располагање на Драги Димитровски предводникот од клупата на вардарци за предизвиците од септември. Лани по првата година постоење во ваков формат на црвено-црниот кугларски колектив обезбедивме како побединци во Купот во куглање пласман на НБЦ-купот во Австрија каде имаше неколку поранешни европски шампиони. Таму остваривме успех и се пласиравме во првата половина од 24 екипи учеснички на истиот. Годинава вардарци се решија за настап на  “Светскиот куп“ во Италија, тоа место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата, односно шампионите кои најдобри  во 14 европски земји. Голема привилегија да се појави Македонското знаме на овој Куп и црвено-црните играчи на нашиот Вардар  на истиот. Се очекува и Митиќ да ја засили конкуренцијата за што е можно поквалитетен турнир на нашите момци на овогодинешниот нивни европски предизвик.